• четврток, 30 јануари 2025

Песков: Српското раководство е способно само да се избори со своите проблеми, не бараше помош од Русија

Песков: Српското раководство е способно само да се избори со своите проблеми, не бараше помош од Русија

 

Москва, 29 јануари 2025 (МИА) - Русија го цени и негува пријателството со Србија и сака таа да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен, систематски развој, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Србија ни е драга земја. Ние сме врзани со заеднички историски корени, го цениме нашето пријателство, нашата соработка и ќе продолжиме да соработуваме. И им посакуваме на нашите српски браќа да ги решат сите проблеми што е можно поскоро и да се вратат на мирот, нагласи Песков, пренесуваат руските медиуми.

Одговарајќи на новинарско прашање дали српските власти побарале поддршка од Москва, тој рече дека не побарале помош и дека „српското раководство е способно да се справи со сопствените проблеми“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан