• четврток, 20 февруари 2025

Песков: Нема да ја спречуваме Украина да влезе во ЕУ

Песков: Нема да ја спречуваме Украина да влезе во ЕУ

Москва, 18 февруари 2025 (МИА) - Иако во оваа фаза не можеше да даде оценка за текот на руско-американските преговори во Саудиска Арабија, портпаролот на Кремљ Дмитриј  Песков рече дека денешните разговори би можеле да донесат „повеќе јасност“ во врска со евентуалната средба лице в лице меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин.

- Путин постојано повторува дека е подготвен да зборува за мир, рече тој, инсистирајќи дека Русија сака да ги постигне своите цели, но претпочита да го стори тоа „на мирен начин“.

На прашањето дали Украина може да влезе во Европската Унија, Песков одговори: Тоа е суверено право на секоја земја, ние нема да диктираме. ссм/

фото: архива

Остани поврзан