• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Демонстрантите во САД ќе се соочат со иста или дури и поголема сила отколку во Лос Анџелес

Трамп: Демонстрантите во САД ќе се соочат со иста или дури и поголема сила отколку во Лос Анџелес

Вашингтон, 10 јуни 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.

Тој додаде дека Националната гарда ќе биде распоредена во Калифорнија сè додека е потребно. Трамп повтори дека ако не ја испрател Националната гарда, Лос Анџелес сега би горел до темел.

Трамп повторно ги нарече демонстрантите „платени бунтовници“ и „предизвикувачи на немири“.

- Имаме луѓе кои ве гледаат во лице и ви плукаат право во лице, тие се животни, и тие се платени бунтовници, тие се платени предизвикувачи на немири, тие се агитатори, тие се платени, наведе Трамп. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан