• вторник, 24 декември 2024

Перински: ЈП „Водовод и канализација“ нема да побарува зголемување на цената на водата

Перински: ЈП „Водовод и канализација“ нема да побарува зголемување на цената на водата
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Нема побарувања до РКЕ за зголемување на цената на водата, иако претпријатието се соочува со предизвици како од пандемијата така и од ценовните шокови, истакна директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински. Тој во денешното гостување во Утрински брифинг рече дека фокусот на претпријатието во наредниот период ќе биде насочен кон изведување на активности за подобрување на водоводната и канализационата мрежа, преку реконструкции на истата, особено на места каде што поголеми губитоци на вода и опасност од дефекти со цел да превенираме прекинато водоснабдување. - Главен фокус ќе биде делот од Општина Гази Баба каде што дефектите се најчести, по што активностите ќе се префрлат на целата територија на град Скопје. На овој начин ќе се делува во насока на заштита на водоснадителниот систем, но и на заштита на природниот ресурс, водата која врз основа на својот квалитет е на второ место во Европа, веднаш зад Виена, рече тој. Перински повика и на одговорно однесување во однос на канализацискиот систем, бидејќи финансиските средства кои претпријатието ги троши како последица на оштетувања и кражби, може да ги насочи за реализација на реални проекти од голема важност и за претпријатието, но и за граѓаните на град Скопје.фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан