• понеделник, 23 декември 2024

Перес го сака Артета на клупата на Реал Мадрид, доколку Анчелоти добие отказ

Перес го сака Артета на клупата на Реал Мадрид, доколку Анчелоти добие отказ

Мадрид, 8 март 2023 (МИА) Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, би можел по завршување на сезоната да седне на клупата на Реал доколку раководството на мадридскиот клуб одлучи да му врачи отказ на италијанскиот стратег Карло Анчелоти, јавија денеска шпанските медиуми.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, не е задоволен од настапите на „Кралскиот клуб“ оваа сезона, а главен виновник за тоа гледа воАнчелоти.

„Перез му забележува на италијанскиот тренер затоа што оваа сезона им дава многу малку шанси на Марко Асенсио и Дани Себаљос. Анчелоти на крајот од сезоната би можел да добие отказ ако не го извлече Реал од кризата. Главен кандидат за негов наследник на клупата на Реал е Артета, кој одлично си ја врши работата во Арсенал“, наведуваат медиумите.

Реал е второпласиран на табелата во Ла Лига со девет бодови помалку од лидерот Барселона. ег /сд/

Остани поврзан