Перез на Мбапе му го врачи дресот на Реал со број 9
- Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за прв пат беше фотографиран со дрес на својот нов клуб.

Мадрид, 16 јули 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за прв пат беше фотографиран со дрес на својот нов клуб.
На фотографијата 25-годишниот Французин позира со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез. Тој држи персонализиран дрес на Реал Мадрид со број 9, кој ќе го носи во тимот.
Во текот на денот 25-годишниот Французин беше на лекарски преглед во Реал Мадрид. Подоцна ќе биде претставен како играч на Реал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид на 3 јуни го објави трансферот на Килијан Мбапе. Французинот потпиша договор со клубот до летото 2029 година. Претходно фудбалерот настапуваше за ПСЖ и Монако. зс/
Фото: Фејсбук Реал Мадрид