• вторник, 26 ноември 2024

Пентагон не гледа знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Пентагон не гледа знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Вашингтон, 26 ноември 2024 (МИА) - Американското Министерство за одбрана нема податоци што укажуваат на тоа дека севернокорејски војници се присутни на окупираните украински територии или се упатуваат таму.

Тоа синоќа на брифинг го изјави заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, јавија украински медиуми.

„Нема знаци дека има севернокорејски војници во Украина“, рече портпаролката одговарајќи на новинарско прашање.

Таа истакна дека Пентагон може да го потврди присуството на севернокорејски војници во руската област Курск, што граничи со Украина. Според неа, не е забележано движење на севернокорејски војници на украинска територија. зш/

Остани поврзан