Изборите за нов претседател на ДНЦ ќе се одржат на почетокот на 2025 година
- Овие избори претставуваат критичен момент за партијата која се стреми да ги консолидира своите политички перспективи по поразот на нејзиниот кандидат, потпретседателката Камала Харис, на претседателските избори 2024 година.
Вашингтон, 26 ноември 2024 (МИА) - Демократскaтa национална конвенција ДНЦ (DNC), главен орган на Демократската партија, ќе го избира својот нов претседател на состанок закажан на 1 февруари 2025 година во Мериленд, а пред тоа ќе се одржат неколку форуми за номинација на кандидати, јавија дел од американските медиуми.
Овие избори претставуваат критичен момент за партијата која се стреми да ги консолидира своите политички перспективи по поразот на нејзиниот кандидат, потпретседателката Камала Харис, на претседателските избори 2024 година.
Џејми Харисон, претседател на ДНЦ во заминување, ја објасни процедурата за избор на својот наследник. Во јануари закажни се четири форуми со учество на кандидатите – виртуелни и со физичко присуство. Конечните правила ќе бидат утврдени на 12 декември и, најверојатно, нема многу да се разликуваат од процедурата во 2021 година, кога кандидатите мораа да соберат потписи од 40 членови на комитетот за да бидат вклучени на гласачкото ливче.
Својата кандидатура за претседател на ДНЦ веќе ја најавија двајца познати кандидати: Кен Мартин, претседател на Демократската земјоделско-работничка партија, и сегашниот потпретседател на комитетот, поранешниот гувернер на Мериленд,Мартин О’Мајли. Меѓу другите потенцијални кандидати се поранешниот конгресмен од Тексас, Бето О’Рурк, претседателот на партијата во Висконсин, Бен Виклер и Рам Емануел, амбасадор на САД во Јапонија и поранешени градоначалник на Чикаго,
Новиот претседател на ДНЦ ќе се соочи со сериозни предизвици, вклучувајќи консолидација и обединување на партијата по поразот годинава, решавањето на внатрешни структурни прашања и водење на процесот за номинација кандидат за претседателските избори во 2028 година. Харисон вети дека ќе остане неутрален за време на изборот на новиот претседател на комитетот и нагласи дека е од голема важност процедурата да биде правична и инклузивна. Форумите ќе се пренесуваат во живо. кб/сд/