• среда, 27 ноември 2024

Пензионираниот Раниери фаворит да ја преземе Рома

Пензионираниот Раниери фаворит да ја преземе Рома

Рим, 13 ноември 2024 (МИА) - Рома продолжува да бара нов тренер по отказот на Иван Јуриќ, а според многу италијански новинари, меѓу кои и Џанлука Ди Марцио, нов фаворит за оваа функција е Клаудио Раниери.

Раниери (73) е поранешен играч на Рома, двапати беше тренер на „волците“ - од 2009-2011 година, а потоа повторно во 2019 година. Тој неодамна објави дека се пензионира откако ги помина последните две години во Каљари. Најголемиот успех на Италијанецот беше титулата во Премиер лигата со Лестер во 2016 година.

Меѓу имињата кои се споменуваат за клупата на Рома се и Французинот Руди Гарсија, како и Винченцо Монтела, но тој има договор со репрезентацијата на Турција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан