Белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е блиску до финализирање на трансферот во Наполи
- Белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, е блиску до финализирање на трансферот во Наполи, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо
Неапол, 10 јуни 2025 (МИА) - Белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, е блиску до финализирање на трансферот во Наполи, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Деталите од договорот се веќе договорени, останува само да се потпише двегодишен договор со опција за продолжување за една сезона. Де Бруин (33) мора да ги помине и медицинските тестови.
Договорот на фудбалерот со Манчестер Сити истекува на 30 јуни. Во април, тој објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Белгиецот одигра 422 натпревари за „граѓаните“, во кои постигна 108 голови и направи 177 асистенции. дс
Фото: Архива