• сабота, 31 август 2024

Пендаровски со осуда за нападот во Охрид

Пендаровски со осуда за нападот во Охрид

Скопје, 20 јануари 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека го осудува нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков.

- Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, напиша Пендаровски. мс/ац/

Остани поврзан