„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија
- Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија и се поддржуваат едни со други, се наведува во честитката на „Влен“.

Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Коалицијата „Влен“ вечерва упати честитки до сите верници од православна вероисповед по повод „Бадник“ и „Божик“.
- Овие денови се симбол на заедништво, љубов и човечност - вредности што ни се потребни повеќе од кога било. Нека празничниот дух донесе радост, мир и благосостојба во секој дом, градејќи мостови на солидарност и разбирање меѓу сите заедници. Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија и се поддржуваат едни со други, се наведува во честитката на „Влен“.
Како што се додава, „Влен“ ќе продолжи да се залага за праведно и еднакво општество, каде почитта кон различностите е нашата најголема сила. бд/вг/
Фото: „Фејсбук“