• понеделник, 16 декември 2024

Патувачка изложба „Толеранција“ на Мирко Илиќ во Скопје

Патувачка изложба „Толеранција“ на Мирко Илиќ во Скопје

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - На Архитектонскиот факултет во Скопје вечер од 19:30 часот ќе биде отворена патувачката изложба „Толеранција“ на Мирко Илиќ. На настанот најавено е присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Организаторите истакнуваат дека изложбата била претставена во 40 земји, вклучувајќи ги САД, Бразил, Јапонија, Кина, Германија, Словенија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Италија, Хрватска и Португалија.

Илиќ, роден во 1956 година во Босна и Херцеговина, е стрип-уметник и графички дизајнер со седиште во Њујорк.

- По преселбата во Њујорк, Илиќ станал познат преку својата работа за „Time“, „The New York Times“ и „The Wall Street Journal“, а неговите дела се дел од колекциите на „MoMA“ и „SFMOMA“. Проектот „Толеранција“ започнал во 2017 година по филмскиот фестивал „Куќа на толеранцијата“ во Словенија, кога Илиќ побарал од 28 уметници да дизајнираат постери со темата толеранција, пишувајќи „толеранција“ на својот роден јазик. Оттогаш, проектот патува низ светот, а во секој град се додаваат нови уметнички дела од локални дизајнери. Македонскиот дизајнер Никола Војнов е автор на плакатот за изложбата во Скопје, појаснуваат организаторите.

На Архитектонскиот факултет, Илиќ вчера одржал и предавање на тема „Дизајн активизам“. бд/дма/

Фото: Официјална веб-страница на Архитектонски факултет

Остани поврзан