• понеделник, 16 декември 2024

Патот Берово-Струмица повторно прооден за сите видови возила

Патот Берово-Струмица повторно прооден за сите видови возила

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) – Патот Берово-Струмица од 10:30 часот е прооден за сите видови возила, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Завчера, АМСМ соопшти дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот.

Екипи на „Македонијапат“ работеа на отстранување на паднатите дрвја. Денеска патот повторно е прооден за сите видови возила. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан