• четврток, 08 август 2024

Панамските власти разбија мрежа за трговија со кинески мигранти низ џунглата Дариен

Панамските власти разбија мрежа за трговија со кинески мигранти низ џунглата Дариен

Панама Сити, 8 август 2024 (МИА) - Панамските власти разбија мрежа за шверц на кинески мигранти низ џунглата Дариен, соопшти панамското обвинителство.

Станува збор за трговија со мигранти чија крајна цел се САД.

Апсењата се извршени во градот Санта Фе, што се наоѓа во провинцијата Дариен, регион кој граничи со Колумбија и низ кој минуваат илјадници мигранти за да стигнат до САД.

Во 2023 година, повеќе од половина милион мигранти поминаа низ џунглата Дариен.

Од почетокот на оваа година низ таа рута поминале повеќе од 220 илјади луѓе – воглавно Венецуелци, Еквадорци, Колумбијци, Хаиќани и Кинези.зш/

Остани поврзан