• сабота, 23 ноември 2024

Палмер во „виртуелна посета“ на Албанија

Палмер во „виртуелна посета“ на Албанија
Тирана, 6 април 2021 (МИА) - Американската амбасада во Тирана објави дека заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер денеска ќе оствари „виртуелна посета“ на Албанија. Во фокусот на разговорите ќе бидат очекувањата на САД, вклучително и оние поврзани со парламентарните избори на 25 април и правосудната реформа во Албанија. - Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер денеска ќе оствари „ виртуелна посета“ на Албанија. Ќе се сретне со претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама и претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша. Тема на разговорите ќе бидат приоритетите на САД, вклучувајќи ги и очекувањата за изборите на 25 април, се наведува во соопштението од Амбасадата на САД во Тирана. Во соопштението се додава дека Палмер ќе се сретне со „шампионите во правосудната реформа“. Палмер својата посета ќе ја заврши со тркалезна маса со новинарите кои учествувале во програми за размена и обука во САД.  вт/ми/

Остани поврзан