• сабота, 13 декември 2025

Официјална посета на Општина Брус од делегација на Општина Берово

Официјална посета на Општина Брус од делегација на Општина Берово

Берово, 19 август 2025 (МИА) - На покана на Општина Брус, делегација од Општина Берово, деновиве реализираше официјална посета по повод одбележувањето на денот на градот. За време на посетата, делегацијата од Берово на чело со градоначалникот Звонко Пекевски оствари средба со Претседателот на Општина Брус, Далибор Савиќ, на која се разговараше за продлабочување на соработката и размена на искуства во повеќе области на локалното управување.  

-Оваа посета ја потврдува долгогодишната пријателска врска помеѓу нашите општини и нашата посветеност за зајакнување на партнерствата, развој на заеднички иницијативи и реализација на проекти кои се од интерес за граѓаните. Исто така, упатив честитки до жителите на Брус по повод празникот, посакувајќи им благосостојба, напредок и успешна работа во годините што следат, истакна Пекевски. 

Во рамките на програмата, членовите на делегацијата имаа можност да уживаат во богатата културно-уметничка програма, вклучувајќи го и настапот на членовите на културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“, под водство на етнокореографот Методи Скендерски.  

Посетата го потенцира долгогодишното пријателство и соработката меѓу двете општини, како и желбата за продолжување на партнерствата во областа на локалното управување, културата и заеднички проекти кои носат корист за граѓаните. 

Градоначалникот Пекевски додаде дека ваквите посети го продлабочуваат меѓусебното разбирање, овозможуваат размена на искуства и ја зајакнуваат подготвеноста за реализирање на нови иницијативи од интерес на заедницата.  

Пријателството со Општина Брус, како што нагласи градоначалникот, се негува со години и создава трајни спомени, продлабочува културната соработка и гради основа за идни заеднички проекти. вс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан