• сабота, 23 ноември 2024

Отчет на градоначалникот Трајковски: Проекти во висина од 420 милиони денари за две години локална власт

Отчет на градоначалникот Трајковски: Проекти во висина од 420 милиони денари за две години локална власт

Делчево, 2 ноември 2023 (МИА) – Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, денеска ја презентираше работата на Општина Делчево за периодот 2021-23 година потенцирајќи ги реализираните и планираните проекти кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Делчево.

Во овие 2 години Трајковски соопшти дека во Делчево се инвестираат проекти во висина од над 420 милиони денари, потенцирајќи дека овде не спаѓаат првичните средства од големиот проект за Подобрување на водоснабдувањето во износ од 7,3 мил швајцарски франци.

- Во Општината се реализираа капитални проекти како современиот градски пазар кој е изграден по теркот на големите градови. Ја започнавме изградбата на новата детска градинка во населба Расадник; во полн ек е изградбата на пречистителна станица за вода за пиење, изградбата на водоводите во селата Ѕвегор и Габрово, завршиме со реконструкцијата на водоводната мрежа и замената на старата дотраена азбестна инсталација со нова пвц-инсталација. Со тоа што го решаваме проблемот со квалитетот на водата за пиење и ги превенираме дефектите на водоводната мрежа, паралелно градиме и реконструираме улици. Исто така за прв пат се асфалтираше стариот пат Делчево-Тработивиште; го реконструиравме локалниот пат за с. Стамер и регионалниот пат за с. Разловци-одбран, како наш приоритет и по наше барање до ЈПДП, рече Трајковски.

Во почеток на реализација како што додаде сè уште доста капитални проекти, а се подготвува техничка документација за нови проекти. Сите овие проекти според него водат кон подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани и го менуваат ликот на Делчево.

Општината како што потенцираше во изминатиот период беше исправена пред елементарни непогоди, посебно поплавите кои уништија дел од инфраструктурата во градот, а се заканија и по имотот на граѓаните.

- Одговоривме максимално со сите расположливи ресурси за да го вратиме животот во нормала, добивме значајна поддршка од Владата за да ја санираме оштетената инфраструктура. Но, продолживме со исто темпо во дореализацијата на проектите и посветено решаваме децениските проблеми заборавени од сите претходни власти. Свесен сум дека има уште за работа, но со еден плански пристап, полека ќе ги затвораме отворените прашања, додаде Трајковски.

Приоритет и во следните 24 месеци остануваат инфраструктурните проекти, кои според него ќе донесат развој, преку изградените капитални објекти, кои според Трајковски ќе останат за генерации и генерации наши сограѓани и ќе сведочат за посветеноста Општината да ги промени работите на подобро.

И во наредниот период најави дека Општината ќе продолжи да работи по истиот терк се со цел да биде остварена неговата визијата Делчево – европско со сите нишани и задоволни граѓани. вс/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан