• сабота, 23 ноември 2024

Отворен ден со Армијата на Република Северна Македонија на Градскиот плоштад во Охрид

Отворен ден со Армијата на Република Северна Македонија на Градскиот плоштад во Охрид

Охрид, 23 март 2024 (МИА) - Припадници на Армијата на РСМ денеска на Градскиот плоштад во Охрид одржаа отворен ден со што пред граѓаните беше претставен дел од вооружувањето, борбени системи, воена опрема и технички средства.

Со активноста се одбележува денот кога пред 75 години беше потпишан Северноатлантскиот договор како систем за колективна одбрана и беше создадена НАТО Алијансата, како и четири години од членството на Република Северна Македонија во НАТО.

- На 27 март 2020 година земјата стана 30-та членка на НАТО Алијансата. Со тоа се реализираше една од нашите најважни стратешки цели, едногласно одобрена во Собранието во 1993 година. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на РСМ. Ние сме еднаков дел од семејството на развиени демократии што обединува милијарда луѓе и 50 проценти од светскиот БДП, рече Чедо Спасески, постар водник прва класа.

Во рамките на активноста, припадници на Баталјонот за специјални сили во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, реализираа показна вежба - препад на пловен објект. Во вежбата беше вклучен и хеликоптер „Ми 17“ на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. аб/сст/

фото/МИА

Остани поврзан