• вторник, 26 ноември 2024

Освојувачите на медали на Балканското првенство во кикбокс на прием кај неготинскиот градоначалник 

Освојувачите на медали на Балканското првенство во кикбокс на прием кај неготинскиот градоначалник 
Неготино, 21 јуни 2022 (МИА) - Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, попладнево организираше прием за освојувачите на медали на Балканското првенство во кикбокс.
- Уште еден голем успех за членовите на кикбокс клубот „Гладијатор“ од Неготино, со освојувањето на два златни и еден сребрен медал на Балканскиот шампионат во кикбокс, кој изминатиот викенд се одржа во Краљево, Србија. Тоа беше повод во кабинетот да ги примам и да им честитам на постигнатиот успех. Се сретнав со Јадранка Темелкова која во јуниорска конкуренција до 55 килограми освои златен медал, Роберт Костовски во сениорска конкуренција во категоријата лоу кик до 67 килограми освои златен медал, а Марија Јанева во конкуренција кик лајт за сениорки до 55 килограми, освои сребрен медал. Заедно со нив беше и нивниот тренер Ѓорѓи Вучков, рече Стојанов.
Градоначалникот нагласи дека локалната самоуправа и понатаму ќе ги поддржува успешните во општината. - Вучков во име на неготинскиот кикбокс клуб се заблагодари на помошта што ја добиваат од општината и одличната соработка, а јас им ветив дека како и досега, така и во иднина ќе ја имаат мојата и поддршката на локалната самоуправа, во рамките на расположливите финансиски средства, додаде Стојанов. свд/ки/

Остани поврзан