• сабота, 06 декември 2025

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март.

-Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата, информираат од Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден. сст/лв/

Фото МИА архива

 

 

Остани поврзан