• понеделник, 23 декември 2024

Осака за повлекувањето од турнирот во Токио: Би сакала да одам на теренот, но телото не ми дозволува

Осака за повлекувањето од турнирот во Токио: Би сакала да одам на теренот, но телото не ми дозволува
Токио, 22 септември 2022 (МИА) - Јапонската тенисерка Наоми Осака изрази жалење поради повлекувањето од турнирот во Токио. - Многу ми е жал што не можам да учествувам на денешниот натпревар. За мене голем чест е тоа што имав можност да го играм овој турнир пред неверојатните навивачи овде во Јапонија. Овој турнир беше и секогаш ќе биде посебен за мене и би сакала да бидам на теренот, но телото не ми дозволува. Ви благодариме за сета поддршка и се гледаме следната година, вели Осака во изјавата за официјалната веб-страница на ВТА. Дваесет и четиригодишната Јапонка поради болест го предаде денешниот меч од второто коло против Беатрис Хадад-Маја . Така 26-годишниот Бразилка се пласираше во следната фаза. Во четвртфиналето Хадад-Маја ќе се сретне со победничката од мечот Вероника Кудерметова (Русија) - Фернанда Контрерас Гомез (Мексико). зс/

Остани поврзан