• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ПСЖ ќе му плати на Лил над 40 милиони евра за голманот Шевалие

ПСЖ ќе му плати на Лил над 40 милиони евра за голманот Шевалие

 

Париз, 28 јули 2025 (МИА) – Актуелниот европски првак ПСЖ постигна договор со Лил за трансфер на голманот Лука Шевалие, објави денеска новинарот Саша Таволиери.

Според истиот извор, ПСЖ ќе плати повеќе од 40 милиони евра за Шевалие, не вклучувајќи ги бонусите.

Двата клуба ги разгледуваат сите детали од договорот, а Шевалие треба да ги помине медицинските прегледи во Париз оваа недела.

Трансферот на Шевалие ја доведува во прашање иднината на италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума во ПСЖ, бидејќи тој има договор со клубот до 2026 година, но долгите преговори за нов договор сè уште не резултираа со исход.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан