• петок, 05 декември 2025

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта

Вашингтон 6 Ноември 2025 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта.

- Играме за да победиме, одговори Орбан на новинарско прашање за време на летот кон Вашингтон што би се случило доколку Трамп не ѝ одобри на Унгарија изземање од санкциите за руската нафта.

Орбан го нарече прашањето за енергенсите „сериозно“, истакнувајќи дека влоговите се високи, пренесе агенцијата МТИ. јт/

Фото: Орбан на Х

Остани поврзан