Извештај: 84 отсто жени во Србија сметаат дека сами се одговорни за доживеано дигитално насилство
- Izveštaj: 84 odsto žena u Srbiji misli da su same odgovorne za doživljeno digitalno nasilje
Белград, 4 декември 2025 (МИА) - Во Србија 84 отсто жени и девојки сметаат дека самите се одговорни за дигитално насилство што го доживеале, беше објавено во рамките на презентацијата на анкетата „Дигитално насилство врз жените и девојките во Србија“ спроведена од здружението „Атина“.
Педесет и четири отсто анкетирани веруваат дека сторителите не се свесни за последиците и веруваат дека нивните постапки се безопасни и минливи.
„Испитаниците под 30 години во дури 43 проценти од случаите наведуваат дека доживеале дигитално насилство“, се вели во истражувањето на здружението „Атина“, што беше презентирано во Белград.
Според тоа истражување, една четвртина од испитаниците изјавиле дека лично доживеале дигитално насилство, додека најчестите форми на насилство што ги доживеале биле примање несакани пораки и содржини преку социјалните мрежи.
„Речиси половина од жените и девојките на планетата, дури 1,8 милијарди од нив, немаат никаква законска заштита од дигитално насилство. Кибер-следењето, насилството базирано на пол и дипфејк-пораките генерирани од вештачка интелигенција се шират со се поголема брзина, зголемувајќи ги ризиците со кои се соочуваат жените и девојките на интернет“, велат од здружението. зш/ссм/