• петок, 08 ноември 2024

Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија

Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија

Тетово, 7 февруари 2023 (МИА) - На денешната деветта вонредна седница Советот на Општина Тетово одлучи одвои финансиски средства како помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Присутни на седницата беа 29 советници и сите гласаа дека ја прифаќаат оваа одлука.-Во координација со претставниците на политичките партии застапени во Советот одлучивме да се одвојат еден милион денари (околу 16.000 евра) за земјите што се погодени од земјотреси, констатираше на седницата Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.Воедно сите 29 советници ја поддржаа предлог одлуката за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување на помош на местата опфатени до земјотресот. Ќе определат места каде граѓаните ќе можат да остават материјални помош, а ќе се разгледа и опцијата за отворање на жиро-сметка за да можат и жителите да донираат парични средства за помош. ас/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан