• сабота, 23 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше води посебна грижа за подобрување на условите во училиштата 

Општина Маврово и Ростуше води посебна грижа за подобрување на условите во училиштата 
Дебар, 3 септември 2022 (МИА) - Локалната власт на општина Маврово и Ростуше, покрај грижата за подобрување на условите за живот на своите граѓани,  посебно внимание посветува на подобрување на условите за нормално одвивање на наставно-воспитниот процес во образовните институции. - Во подрачното основно училиште „Хајан Селмани“ во Велебрдо извршено е целосно внатрешно санирање и уредување на училишниот двор со помош на општината, директорот и вработените, месното население, Македонија пат и ТУП Радика. Во подрачното основно училиште во Требиште извршена е санација на оштетени ѕидови и целосно внатрешно молерисување на сите простории, информираа од општината. Додаваат дека во средното општинско училиште „Маврово-Ростуше“ набавени се 10 персонални компјутери за кабинетот по информатика и нагледни средства за сите наставни предмети во вредност од околу 400.000 денари. -Покрај овие зафати во тек е  реконструкција на фасадата, покривот, прозорците и вратите, осветлувањето и училишните јазли во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница, во вредност од 7 милиони денари. Остануваме посветени на подобрување на условите за нормално одвивање на наставата во сите училишта во општината, посочуваат од општината. Во оваа општина настава следат над 500 ученици во четирите основни, со десеттина подрачни, како и средното училиште „Маврово-Ростуше“. вт/аа/

Остани поврзан