Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа
- Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри
16 декември 2025
Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри.
Заклучно со овој зафат, на подрачјето на Општина Илинден исчистени се вкупно 26.500 метри канали и речни корита во сите населени места, а во наредниот период планирано е продолжување на активностите со дополнителни 2.000 метри на потегот од Текија кон Дељадровци.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековните активности при чистењето на Сува Река во населеното место Текија и истакна дека редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали и речните корита претставува еден од клучните приоритети на Општината.
„Со оглед на високото ниво на подземните води, редовното одржување на каналската мрежа овозможува непречен проток на атмосферските води, превенција од појава на поплави и зачувување на чиста и здрава животна средина, што е предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, нагласи градоначалникот Георгиевски.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на вакви активности, со цел зголемување на безбедноста, унапредување на инфраструктурата и подобрување на животните услови за сите жители.
Општина Илинден