• четврток, 15 јануари 2026

Амбасадорката на Израел Вивен Аисен на средба со градоначалникот Тони Коњановски

Амбасадорката на Израел Вивен Аисен на средба со градоначалникот Тони Коњановски

Битола, 16 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорката на Израел, Вивиен Аисен.

Соговорниците ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

-Градоначалникот на Коњановски ја запозна амбасадорорката Аисен со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата и можностите за взаемна соработка. Посебен акцент беше ставен на развојот на туризмот и продолжување на комуникацијата со израелскиот град Бат Јам. Коњановски и Аисен зборуваа и за историјата на Еврејската заедница во Битола, индормираа од Општина Битола. мт/
Фото: Општина Битола

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан