• понеделник, 16 декември 2024

Општина Дебар почна со поправка на јавното осветлување во селските населени места

Општина Дебар почна со поправка на јавното осветлување во селските населени места

Дебар, 10 декември 2024 (МИА) - Општина Дебар почна со поправка на уличното осветлување во селските населени места, со цел создавање подобри услови за жителите.

-Оваа активност ја започнавме од селото Могорче, при што ангажирани беа две работни групи. Поставени се 28 нови светилки со моќност од 100 вати и 6 од 50 вати. Поправени се 6 стари светилки а беше сменет и дел од кабелот кој беше оштетен, информираа од општината.

Додаваат дека вон планираните активности била поправена трофазната линија преку која се снабдува добар дел од селото со електрична енергија. 

Од општината најавуваат дека вакви активности ќе продолжат и во други села, но и  делови во градот.

Во рамки на напорите за подобрување на условите за живот во ова најголемо населено место во општината, каде живеат над две илјади жители, планирана е изградба на водовод со средствата добиени од проектот „100 милиони евра за општините“.

Општина Дебар поднесе четири пријави на повикот за доделување средства преку Министерството за локална самоуправа и истите беа прифатени и тоа во износ од 600 илјади евра. Целосно беа одобрени три проекти и тоа изградбата на водоводот во село Могорче и целосна реконстркција на две улци во градот, додека една улица ќе биде реконструрана со кофинансирање. вт/са/

Фото: Фб општина Дебар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан