• понеделник, 16 декември 2024

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Сијаличките во Центар биле поставени под законски утврдениот минимум од 4,7 метри височина

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Сијаличките во Центар биле поставени под законски утврдениот минимум од 4,7 метри височина

Скопје, 15 декември 2024 

Невистинити се тврдењата на градоначалникот на општина Центар, Герасимовски, кој изјавил дека дека Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје го уништувало тоа што општината го украсила.

Камионот на ЈП Комунална хигиена-Скопје кој го подигнува отпадот во општината Центар, не искинал светилки на сообраќајницата во општина Центар, туку тие се поставени под законски утврдениот минимум од 4,7 метри височина.

Градоначалникот треба да знае дека истото комунално возило на истата таа траса собира отпад веќе 10 години, возилото е високо 3 метри и никогаш не би имало проблеми доколку каблите што ги поставила општината Центар се монтирани соодветно законски на височина од 4,7 метри.

Наместо да го обвинува Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, градоначалникот Герасимовски треба да побара одговорност, и материјална и кривична, од фирмата која од општината зема илјадници евра, а ги загрозува безбедноста во сообраќајот и воопшто безбедноста на скопјани.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан