• петок, 08 ноември 2024

Општина Битола ќе додели 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Општина Битола ќе додели 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Битола, 8 февруари 2023 (МИА) - На иницијатива на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на општинскиот Совет, Габриела Илиевска, денеска на вонредна седница, битолските советници, донесоа одлука за доделување финансиска помош од буџетот на општината Битола за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија.

Одлуката е донесена едногласно со поддршка од сите советници, со што Општина Битола, ќе додели финансиска помош во износ од 500.000 денари.

Битолчани повикани од Здружението за турско-ромско пријателство „Ромско јато“ и хумантарната организација „Св. Спас“ донираа на плоштадот Магнолија и собрани се облека, постелнина, храна и други неопходно потребни работи за настраданото население по неодамнешниот земјотрес во Турција и Сирија. мт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан