Општина Битола почна со реконструкција на патот за село Цапари
- СООПШТЕНИЕ - Општина Битола, започна со работни активности за реализација на проектот за „Реконструкција на општински пат во населеното место Цапари“.
Скопје, 18 јуни 2024
Општина Битола, започна со работни активности за реализација на проектот за „Реконструкција на општински пат во населеното место Цапари“.
Патната инфраструктура во Цапари ќе биде подобрена во должина од 1278 метри, за што од општинскиот буџет се инвестираат 8.711.260 денари.
Увид на реализацијата на активностите, денес изврши градоначалникот Тони Коњановски, кој информираше дека ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа инвестира во подобрување на инфраструктурните услови како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината.
Општина Битола
_________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Општина Битола