• петок, 08 ноември 2024

Општина Битола и Таскфорс БПО ДОО со заеднички влог во КК „Пелистер“

Општина Битола и Таскфорс БПО ДОО со заеднички влог во КК „Пелистер“

Битола, 7 јуни 2023 (МИА) - Кошаркарскиот клуб Пелистер чиј сопственик е Општина Битола, во наредните три кошаркарски сезони директно ќе биде помаган од компанијата „Таскфорс“ (Taskforce) како генерален покровител на клубот.

 

Договорот за заеднички вложувања во КК Пелистер го потпишаа градоначалникот Тони Коњановски и извршниот директор на Таскфорс БПО ДОО, Ацо Додовски.

 

Со овој договор Таскфорце БПО ДОО се обврзува во следните три сезони да биде генерален покровител на Клубот, додека општината останува 100 процентен сопственик на клубот.

 

На потпишувањето на договорот претходеше едногласна поддршка од страна на Советот на Општина Битола. мт/зс/

 

Фото: Општина Битола

Остани поврзан