Општина Аеродром без вода поради дефект на водоводната мрежа во близина на ТЦ Лиса во Реонски Центар Аеродром
- Поради дефект на водоводната мрежа во близина на Трговскиот центар Лиса во Реонски Центар Аеродром, прекин на снабдувањето со вода има во Општина Аеродром, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Поради дефект на водоводната мрежа во близина на Трговскиот центар Лиса во Реонски Центар Аеродром, прекин на снабдувањето со вода има во Општина Аеродром, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
-Екипа на ЈП Водововод и Канализација работи на отстранување на дефектот. Во овој момент нема информација колку време ќе нема вода, се посочува во информацијата. ев/са/
ФОТО: МИА Архива