• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Опозициските партии во РС се подготвени веднаш да ги прифатат европските закони во БиХ

Опозициските партии во РС се подготвени веднаш да ги прифатат европските закони во БиХ

Сараево, 24 март 2025 (МИА) – Опозициските партии во Република Српска соопштија дека доколку бидат дел од владејачката коалиција во Босна и Херцеговина подготвени се да го поддржат усвојувањето на реформските закони, на кои инсистира Европска комисија, со што би се создале услови за отворање на пристапните преговори со Европска Унија.

Шефот на пратеничката група на Партијата за демократски напредок (ПДП) во Народното собрание на Република Српска и поранешен министер за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак денеска потврди дека се подготвени да ги поддржат овие закони веднаш по доаѓањето на власт.

- Конкретен датум за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за членство и деблокирање на 70 милиони евра од Планот за раст (за Западен Балкан) може да бидат брзите ефекти од новото мнозинство, кое ќе даде опипливи резултати видливи за обичниот човек. После тоа ќе има многу работа за други суштински прашања, наведе Црнадак за порталот „Дневни аваз“.

Тој посочи и дека српската опозиција е подготвена да преземе чекори за реформирање на изборниот процес преку воведување скенери на избирачките места, како и за „агресивен пристап“ во борбата против корупцијата и за смирување на општата ситуација во општеството.

БиХ моментално се наоѓа во најголемата криза од Дејтон, а по Додик, премиерот и претседателот на Парламентот на РС се распишани потерници и одреден им е притвор, се очекува нивно апсење. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан