• вторник, 24 декември 2024

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е нов директор на НУ „Охридско лето"

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е нов директор на НУ „Охридско лето

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Магистер доцент Ѓор­ѓи Цуцковски, оперски пејач, пр­ве­не­ц на Опе­ра­та при Националната опе­ра и ба­лет (НОБ), е нови­от директор на националната установа „Охрид­ско ле­то".

Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска, која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци, информираат од НУ „Охрид­ско ле­то".

Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и ширум Европа. Освен како истакнат македонски уметник има особен придонес за македонската култура и како пoранешен уметнички директор на Македонската опера и музички селектор на Фестивалот „Охридско лето".

- „Охридско лето" за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ „Охридско лето" со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани, на најголемите светски уметнички имиња и дека Фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години, вели директорот Цуцковски. дма/бак/

Фото: НУ „Охрид­ско ле­то"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан