• сабота, 23 ноември 2024

ОН ќе ги истражува злосторствата за време на крвавите протести во Бангладеш

ОН ќе ги истражува злосторствата за време на крвавите протести во Бангладеш

Њујорк, 15 август 2024 (МИА) - Мисијата на ОН за утврдување факти се очекува да пристигне во Дака следната недела за да ги истражи наводните злосторства за време на насилните протести што ја урнаа владата на Шеик Хасина претходно овој месец, јави ДПА.

Обединетите нации работат на условите и техничките параметри на мисијата, изјави денеска постојаната координаторка на ОН во Бангладеш Гвин Луис по состанокот со Тухид Хосеин, советник за надворешни работи на привремената влада во Дака.

- Мисијата ќе работи независно, им рече таа на новинарите.

Владата ќе ја обезбеди потребната помош на Обединетите нации за истрагата да биде непристрасна и веродостојна, изјави Хосеин по средбата со претставникот на Светската организација.

По претходен телефонски разговор меѓу привремениот лидер на Бангладеш Мухамед Јунус и високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк, владата на Бангладеш објави дека ОН ќе ги испита можните злосторства.

Се верува дека повеќе од 500 луѓе загинале за време на неколкунеделните национални студентски протести со кои се бараше прекин на контроверзниот систем на квоти за работни места, кој на крајот ескалираше и доведе до оставка на Хасина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан