• понеделник, 23 декември 2024

Олимпијакос кандидат за потписот на Фурние

Олимпијакос кандидат за потписот на Фурние

Атина, 2 септември 2024 (МИА) - Грчки Олимпијакос е меѓу кандидатите за потпис на францускиот кошаркар Еван Фурние, кој моментално е слободен играч, пренесува специјализираното издание „Еурохупс“

Триесет и едно годишниот интернационалец на „петлите“ минатата сезона ја мина меѓу Њујорк Никс и Детроит Пистонс во Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Французинот во текот на својата 12-годишна кариера во НБА играше и во Денвер, Орландо и Бостон.

Интерес за Фурние за евентуално враќање во Европа покажуваат и Реал Мадрид и Олимпија Милано, кои ја следат ситуацијата.

-Ако еден ден се вратам во Европа и имам шанса да одам каде што сакам, мислам дека би го избрал Олимпијакос. Тоа е голем клуб, прокоментира пред извесно време францускиот кошаркар. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан