Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
- Оклахома сити ноќеска го победи Далас маверикс во четвртфиналето на НБА Купот со 118:104.
Оклахома, 11 декември 2024 (МИА) - Оклахома сити ноќеска го победи Далас маверикс во четвртфиналето на НБА Купот со 118:104.
Шаи Гилгеус-Александер со 39 поени е најзаслужниот за победата на Тандер.
Во полуфиналето Оклахома ќе игра со победникот од мечот Хјустон – Голден Стејт вориорс.
Резултатите од куп-натпреварите се вбројуваат во регуларнито дел од НБА-сезоната. зс/
Фото: ЕПА