• петок, 08 ноември 2024

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

Тирана, 26 март 2024 (МИА) - Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз.

Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, минатогодишните се речиси двојно повисоки.

-Во текот на минатата година Албанија пречека над 10 милиони странски туристи, додека годинава очекувањата се за 13 милиони. Ова се очекува да донесе уште поголем приход за албанската економија. Банката предвидува дека и туристичкиот сектор ќе има влијание врз економскиот раст во текот на оваа календарска година, додека услугите се сметаат за еден од секторите кои ќе придонесат за намалување на невработеноста во земјата, наведува телевизијата.

Во прегледот за последните четири години, во 2019 година остварените приходи во туризмот биле 2,1 милијарди евра, следната година (година на пандемијата со Ковид-19) 989 милиони евра, во 2021 година 1,9 милијарди евра, 2022 година 2,8 милијарди евра и минатата година 4,1 милијарди евра. вт/

Фото: ЦБА сајт

Остани поврзан