• петок, 05 декември 2025

Бројот на случаи на здравствени проблеми предизвикани од горештините во Јужна Кореја надмина 600

Бројот на случаи на здравствени проблеми предизвикани од горештините во Јужна Кореја надмина 600

Сеул, 3 јули 2025 (МИА) – Повеќе од 100 случаи на здравствени проблеми предизвикани од високите температури се забележани вчера низ Јужна Кореја, со што вкупниот број на погодени лица од 15 јуни се искачи на 633, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA).

Како што јави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, вчера биле пријавени два смртни случаи за кои се сомнева дека се поврзани со топлотен удар, со што бројот на починати од почетокот на летото се зголеми на пет.

Топлотниот бран зафати повеќето делови од земјата, а во одредени области на покраината се забележани температури и до 35 степени Целзиусови. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан