• сабота, 23 ноември 2024

Одредени пластични производи за еднократна употреба од денеска забранети во Грција

Одредени пластични производи за еднократна употреба од денеска забранети во Грција
Атина, 3 јули 2021 (МИА) – Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот закон, во Грција беше изгласан во октомври 2020 година, а од  февруари, државниот сектор во земјата повеќе не користи пластика за една употреба. Од Министерството за животна средина на Грција, соопштуваат дека согласно студиите на европско ниво, 80-85 отсто од морскиот отпад пронајден на плажите во Европската унија е пластика, а 50 отсто се пластични производи за еднократна употреба. ср/сд/

Остани поврзан