Од верските календари
- 12 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 февруари. Денеска е Преподобен Прокопиј Декаполит.

12 март 2022 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 февруари.
Денеска е Преподобен Прокопиј Декаполит (Тодорова сабота).
Свети Прокопиј е наречен Декаполит бидејќи потекнувал од областа Декаполис во стара Палестина. Живеел како монах во времето кога беснеела иконоборечката ерес. Заради заштитата на иконите бил затворен и мачен од властите на иконоборечкиот василевс Лав Исавриец (717-741). По смртта на василевсот се вратил во својот манастир, каде што останал до крајот на својот подвижнички живот. Се упокоил во длабока старост.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Благословен Јероним Кирардучи.
Благословен Јероним припаѓал во редот на августинците. Тој ги смирил расправиите меѓу градовите Фермиј и Асколиј. Наспроти расправиите имало многу непријатни случки и народот ги помнел оние кои се бореле за мир. Благословен Јероним умрел во 1335 година. Неговото миротворно настојување дејствувало и по неговата смрт. Секоја година на неговиот празник во Реканатиј се избираат седум мажи и седум жени, кои ќе се занимаваат со помирување на скараните луѓе.
###