• четврток, 19 март 2026

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Променливо облачно време со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец и минусни утрински температури, најавува УХМР за наредните денови.

Како што информира, во понеделник ќе има и услови за слаби врнежи од дожд. 

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе достине 15 степени. мч/вј/

 фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан