• сабота, 23 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
11 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март. Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија. Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета. Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Станислав. Бил роден во Полска, во 1030 година. Теолошки студии завршил во Париз. Кога станал свештеник во 1071 година го наследил краковскиот бискуп, Ламберто. Како бискуп ја предводел црквата и им помагал на сиромашните. Секој ден соромашните барале помош од него, бидејќи знаеле дека ќе им даде милост. Во 1097 година, кралот Болеслав го убил свети Станислав поради тоа што му кажувал да го остави грешниот живот и да живее според Божјите заповеди. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:16 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 4 часот и 16 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан