• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување на Глобалната недела на парите

Одбележување на Глобалната недела на парите

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - По повод Глобалната недела на парите 2023 година, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со пензиските друштва и Економскиот факултет на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје, денеска организира настан на кој ќе бидат презентирани можностите и предностите кои ги нуди пензискиот систем во нашата држава и пензиските системи во другите земји.

Како што посочуваат од МАПАС, присутните на настанот ќе можат да слушнете за можностите за дополнителното пензиско штедење, придобивките од долгорочното инвестирање и влијанието на економските шокови врз инвестираните средства на краток и долг рок.

Дојдете заеднички да го одбележиме почетокот на Глобалната недела на парите 2023 години и да ја зголемиме свесноста за потребата од долгорочно планирање на вашите пари и засадување на вашата иднина уште од денес, зошто времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш, посочуваат од МАПАС.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатар 1 на Економскиот факултет во Скопје со почеток во 11 часот. сп/вг/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан