Одбележана годишнината од загинувањето на народниот херој Благој Јанков-Мучето
- Во организација на Општина Струмица денеска пред Споменикот на револуцијата во струмичкиот градски парк се одржа чествување за народниот херој Благој Јанков – Мучето, по повод 80-годишнината од неговото загинување.
Струмица, 14 јули 2024 (МИА) - Во организација на Општина Струмица денеска пред Споменикот на револуцијата во струмичкиот градски парк се одржа чествување за
народниот херој Благој Јанков – Мучето, по повод 80-годишнината од неговото загинување.
За животот и делото на херојот говорешe членката на Советот на Општина Струмица,
Македонка Глигорова.
-Во оваа прилика, кога ја одбележуваме 80-годишнината од денот на загинувањето
на струмичкиот народен херој, не смее да се заборави дека да не се случеше тој 14 јули 1944 година Благој Јанков Мучето многу наскоро ќе се израдуваше на два значајни настана од нашата историја. Само 19 денови го делеа од Првото заседание на АСНОМ во манастирот Свети Прохор Пчински, на кој требаше да биде еден од делегатите. Исто така, неполни два месеца го делеа Мучето, за да го доживее ослободувањето на родната Струмица. За жал, за Мучето и едното и другото останаа само недосонувани соништа, рече Глигорова.
Претставници на Општина Струмица, политички партии и институции положија
цвеќе пред Споменикот на револуцијата, а стихови за Благој Јанков рецитираа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади кој го носи името на народниот херој. Цвеќе беше положено и пред спомен бистата во малиот градски парк.рт/фф/
Фото: Општина Струмица