• среда, 24 јули 2024

Одбележана годишнината од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Одбележана годишнината од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Струмица, 23 јули 2024 (МИА) - Со полагање цвеќе пред споменикот на загинатите струмичани од големиот пожар кој избувна над Струмица и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, денеска беше одбележана дванаесет годишнината од овој трагичен настан. 

Во пожарот животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.

- Денес се сеќаваме на нашите четворица херои кои спасувајќи ја Струмица прерано ги изгубија своите животи. Во нивен спомен, заедно со членовите на нивните семејства положивме свежо цвеќе пред спомен обележјето-дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, кое Општина Струмица го подигна во нивна чест. Огновите горат и згаснуваат, но споменот за Блажо, Пено, Мите и Војо никогаш нема да згасне, рече членката на Советот на Општина Струмица, Танкица Трендова.

Одбележувањето на дванаесетгодишнината од големиот пожар над Струмица продолжува попладне со положување цвеќе на местото на пожарот, кај месноста „Двата пата“. рт/ар/

Фото: МИА

Остани поврзан