• четврток, 25 јули 2024

Се асфалтираат улици во штипското село Чардаклија

Се асфалтираат улици во штипското село Чардаклија

Штип, 24 јули 2024 (МИА) - Почна асфалтирањето на пристапните улици во село Чардаклија во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека за овој проект инвестирани се повеќе од  два милиони денари.

Тој најави дека утре ќе се асфалтираат улици и  во населбите Караорман, Балканска и селото Долани, кое што е опфатено со проектот „Штип без кал“. Јорданов очекува во текот на летото да се реконструираат уште неколку улици.

-Очекувам ова лето да бидат опфатени десетина улици, кои што ќе бидат асфалтирани, а  кои што претходно се нотирани како потреба на граѓаните и врз основа на тоа секоја година, да ја зголемуваме инфрастуктурата на општина Штип, изјави Јорданов. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан